На крајот од ТВ дуелот меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ на Националниот сервис, лидерот на СДСМ, Зоран Заев му даде подарок на опозиционерот Мицкоски.

Програмата на СДСМ со потпис на Заев и знамињата на Македонија, на НАТО и на ЕУ, беа изборот за подарок, а Христијан Мицкоски се заблагодари и го прифати.

Рече дека со задоволство трите знамиња ќе ги стави во неговиот професорски кабинет, бидејќи во партија веќе ги има.

Мицкоски не му подари ништо на Заев, но кажа дека би било премногу пак да му ја даде програмата на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи сопартиецот Муцунски веќе му ја врачил на Заев.