На ,,Медена земја“ му избега и вториот Оскар, ,,Паразит“ е најдобар странски филм

Јужнокорејскиот филм ,,Паразит“ го доби Оскарот за најдобар интернационален филм.

Во оваа категорија беше номиниран македонскиот филм ,,Медена земја“, што е своевиден историски преседан на Оскарите, бидејќи тој е прв документарен филм кој е номиниран и за оваа категорија.

Претходно, на ,,Ханиленд“ му избега и Оскарот за најдобар документарен филм.

Престижната награда во оваа категорија го освои филмот ,,Американска фабрика“.