На Меркел повторни ѝ се слоши и ѝ се тресеа нозете(видео)

Германската канцеларка Ангела Меркел, вторпат во десетина дена, доживеа непријатност на јавен настан.

Таа едвај ја издржа церемонијата за поставување на новиот министер за правда. Стоејќи покрај претседателот Франк Валтер Штанмајер, Меркел не изгледаше добро, нозете ѝ се тресеа, а со прекрстување на рацете се обидуваше да ја задржи стабилноста.

Таа одбила чаша, пишуваат германски медиуми.

Ангела Меркел го привршува својот трет мандат, а идниот месец полни 65 години.