На официјалната страница на ВМРО ДПМНЕ Груевски е и претседател и почесен претседател

На официјалната интернет страница на ВМРО ДПМНЕ, во организациската структура на партијата, експресно е вметнато дека Никола Груевски е почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ. Неговото име и биографија се уште стојат во графата-Претседател.

Но, за разлика од промените кои се направени веднаш по неговото именување за почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ, актуелниот претседател на партијата, според она што може да се прочита на официјалниот сајт на партијата е се уште Генерален секретар.

Во името на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за овие два дена се издадени неколку соопштенија, кои се објавени по истиот терк како и досега, со истата реторика, истите ставови, истите пораки и начин на комуникација како што тоа се правеше изминатите години под лидерската палка на Никола Груевски.

АКО.мк, објавено во 12 и 40 мин, на 25.12.2017