,,НАТО е создадено за да се справува со кризи. Само заедно можеме да помогнеме и само така Алијансата ја игра својата улога “, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ја водеше од Брисел првата виртуелнаа конференција во историјата на НАТО.

На оваа историка конференција учествуваа министрите за надворешни работи на 30 земји членки на НАТО, меѓу кои и македонскиот министер, Никола Димитров.

Министрите се согласија да одржат вонреден состанок на министрите за одбрана во април за да ја разгледаат поддршката дадена на сојузниците и да донесат одлуки за какви било понатамошни чекори.

Алијансата веќе ги координира и поддржува националните напори против пандемијата со логистичка, транспортна и медицинска помош.

„Благодарен сум за натамошните понуди за помош што ги дадоа сојузниците на НАТО денес и за значителната поддршка што веќе ја дадоа сојузниците“, рече генералниот секретар, известувајќи за воздушниот сообраќај на медицински материјали, обезбедувањето медицински персонал и употребата на иновативни технологии .

Столтенберг истакна дека главната задача на НАТО останува заштитата на речиси една милијарда луѓе од земјите членки на НАТО Тој рече дека и во светска здравствена пандемија не е поткопана можноста на НАТО да спроведува операции.

,,Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата.

Имав голема чест денес да ја претставувам Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Имавме срдечно добредојде од сите 29 сојузници“-изјави министерот Димитров.

На вчерашната средба се разговараше и за мисиите на НАТО во Ирак и Авганистан, како и поддршката за Грузија и Украина.

Во врска со Ирак, генералниот секретар рече дека НАТО ќе преземе дополнителни активности, вклучително и обука и едукација на вооружени службеници, инженери и федерална полиција. За Авганистан, генералниот секретар ги поздрави напорите за формирање инклузивен тим за меѓуавганистанските разговори, повикувајќи ги Талибанците и сите политички актери да ја одиграат својата улога до крај.

ГСеверна Македонија, која во петокот (27 март 2020 година) стана 30-та членка на Алијансата, за првпат присуствуваше на Министерскиот состанок на НАТО како сојузник.

Извор:НАТО