На протестите во Австралија било запалено грчкото знаме

Со наслов ,,Срамното палење на знамето ја налути грчко-австралиската заедница“, порталот Greek Reporter, известува дека на протестите во Австралија, македонската заедница запалила повеќе грчки знамиња.

,,Помалку од една недела откако анти-грчките транспаренти беа обесени на надвозниците на патиштата во Мелбурн, купишта грчки знамиња беа запалени за време на протестот во Сиднеј поради спорот околу името “Македонија”.

Грчката заедница на Сиднејската Фејсбук страница објави слика која покажува толпа про-Скопје демонстранти кои запалија грчки амблем.

Грците во своите реакции различно го опишааовој чин како,   “тажен”, “невнимателен” и “срамен”.

Инцидентот се случи во неделата кога австралиските граѓани од БЈРМ излегоа на улиците на Сиднеј, Перт, Бризбејн и Мелбурн, протестирајќи против секоја промена на името за поранешната југословенска република.

Исто така беа запалени слики на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев.

Претходно,  минатата недела, беа обесени  анти-грчки банери  во Мелбурн по митинзите на грчко-австралиските државјани против употребата на “Македонија” од страна на владата во Скопје.

Во Австралија палење  знаме не е нелегално . Сепак, во случајот од 2003 година, лице од  Квинсленд се гони за непристојано однесување, откако го запали знамето што предизвика “загриженост, страв и лутина” меѓу јавноста, заради  “осветлување на голем дел од синтетички материјал на којшто бил додаден бензин во непосредна близина на поголем број на луѓе, вклучувајќи ги и малите деца “-пишува Грик репортер.