На саемот во Белград автомобилите се продаваат како алва!

Само за два дена во текот на изминатиот викенд, на саемот за автомобили во Белград продадени се дури 1.500 автомобили, известуваат српските медиуми.

Речиси сите дистрибутери на автомобили кои имаат свои штандови потврдиле дека само за два дена продале по педесетина автомобили секој од нив. На саемот има 34 автомобилски брендови и сите тврдат дека продажбата не одела никогаш подобро.

Но, она што е најважно, не се продаваат само поевтините автомобили. Напротив. ,,Мерцедес“ соопшти дека уште првиот дена се продадени сите скапи модели од кои некои чинат и по 260.000 евра.

Слична е ситуацијат и со ,,Порше“, ,, БМВ“ и другите ексклузивни марки автомобили.

Се уште се чека купувач за екстра скапиот ,,Ролс-ројс гоуст блек беџ“, кој чини фантастични 395.000 евра.

Но, продавачите дискретно откриваат дека и за овој модел има купувачи. Имено, веќе имаат една резервација и уште двајца заинтересирани клиенти.