На Самитот на ЕУ во Софија заради присуството на Косово нема да се истакнуваат знамиња и имиња на државите

На Самиот на ЕУ и Западен Балкан на 17 мај во Софија, заради противењето на Шпанија на присуството на Косово, направени се неколку компромиси.

Усогласениот текст на Декларацијата, во која РТС имале увид, ќе биде со општи пораки без спомнување на имињата аспиранти за членство во ЕУ.

Исто така, заради земјите од ЕУ(5 од нив) кои не го признаваат Косово, нема да бидат истакнати знамињата и имињата на земјите од Западен Балкан.

Ова се клучните компромисни решенија на кои инститираше Шпанија, за да го стави потписот на оваа Декларација.

Но, и покрај ова, се уште е неизвесно присуството на премиерот Мариано Рахој, затоа што тој одбива да седи на иста маса со претставник на Косово.

Во текстот се повторува поддршката за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Се нагласува подготвеноста на членките на ЕУ да го зголемат својот ангажман и поддршка на сите полиња, пред сѐ  кај владеењето на правото, економска трансформација на регионот и  засилена финансиска поддршка.

Исто така, се нагласува што ЕУ очекува од Западен Балкан, а тоа е демократија,, владеење на правото и трајно решавање на споровите од минатото.

На Самиот на ЕУ и Западен Балкан, неизвесно е присуството и на Кипар.