Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера беше во посета на Брисел каде оствари повеќе средби во врска со мигрантската криза на турско-грчката граница.

Тој наместо ракување со соговорниците, во случајот со генералниот секретар на НАТО, со раката го допре срцето.

Столтенберг одговори на ист начин.

Средбите со Столтенберг и претседателката на ЕК поминаа без конкретнен договор.

ЕУ побара Ердоган да го почитува договорот од 2016 година и да го спречи, а не да го поттикнува доаѓањето на мигрантите на грчката граница.

Ердоган побара воздушна поддршка од НАТО во турските воени акции во Сирија.