На судот „не му требаат“ пасошите на Мијалков, Јакимовски и Стајковиќ

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на СЈО за одредување на мерки на претпазливост за тројцата осомничени од предметот „Трезор“, на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, екс-шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, односно да им бидат одземени пасошите.

За случајот „Тврдина“, пак, е закажано прво рочиште.

Судијата кај кого е распореден обвинителниот предлог против седум лица осомничени за кривичното дело – фалсификување на службена исправа, оформил предмет со К.бр.1905/16 и закажал рочиште за 28 овој месец.

До странките во постапката се испратени покани заедно со примерок од обвинителниот предлог.

Веднаш по поднесување на обвинителниот предлог, СЈО поднесе и барање за изземање на надлежниот судија, кое барање беше одбиено прво од претседателот на судот, а потоа и од Апелациониот суд во Скопје.