На Твитер се прошири лажна вест дека Чедомир Јовановиќ починал од Ковид 19

РТС ја демантираше лажната вест што денеска беше објавена на Твитер налог на непознато лице.

На барање на другите корисници да каже каде ја прочитал оваа вест, твитерџијата одговорил дека видел на РТС, што оваа телевизија го демантираше.

Повикаа пред да се реобјави било што од социјалните мрежи задолжително да се провери.

Се огласи и лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ од Инфективната клиника со фотографија.

Тој е сѐ уште на кислородна поддршка, но се чувствува многу подобро.