На 22 јуни ќе се разгледа на суд барањето за поведување стечај во ТВ НОВА

 

Ова е известувањето на Основен суд Скопје2, до доверителите, четириесетина поранешни вработени во оваа телевизија, кои на овој начин сакаат да си ги наплатат своите заостанати плати.

43 вработени и поранешни вработени во Телевизија Нова, покренaa претстечајна постапка поради неисплатени 7 плати, односно, немаат земено плата од октомври наваму.
,,Бараме законска заштита, се соочуваме со пречки и затворени врати, но сме одлучни во барањето за своите права. Досега неколку пати во Телевизија Нова се правеа состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар“-изјавија дел од вработените пред еден месец за АКО.мк.
Вработените велат дека се соочуваат со страшни притисоци и уцени. Добиваат уцени или да потпишат спогодбен отказ или да работат без пари. Неколку вработени се одјавени без воопшто и да бидат известени за тоа.
ТВ Нова е во криза откако нејзиниот сопственик Сеад Кочан се соочи со судски процеси покренати од СЈО.
АКО.мк