На 25 јуни, во Копенхаген, македонските ракометари ќе ги дознаат противниците на СП

Македонската ракометна репрезентација на 25 јуни, во Копенхаген ќе ги добие противниците за престојното Светско првенство во Германија и Данска. По двомечот со Романија, македонските ракометари го заверија пласманот на уште едно големо натпреварување, каде исто така од Европа пласман обезбедија и Австрија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Русија и Шведска. Листата ќе се комплетира денеска со уште две селекции што ќе бидат поуспешни во бараж дуелите меѓу Црна Гора и Хрватска и Португалија и Србија.

Директен пласман на СП на ова првенство имаат уште четири европски селекции – Германија и  Данска како домаќини на шампионатот, Франција како актуелен светски шампион од СП 2017 и Шпанија како актуелен европски првак.