На 30-ти декември конститутивна седница на новиот парламентарен состав

„Врз основа на член 63 од Уставот на Република Македонија кој предвидува дека новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена од одржаните избори и конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, Вељаноски ја закажа седницата на деветтиот парламентарен состав за петок, 30 декември 2016 година во 13 часот“, се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Државната изборна комисија денеска на овластените претставници на политичките партии им ги врачи мандатаите на 120 пратеници. По два изборни циклуси,новиот Парламент повторно ќе биде без пратеници од дијаспората и ќе брои 120 пратеници. Кандидатите во седмата изборна единица не успееа да го обезбедат потребниот минимален праг на освоени гласови за влез во македонскиот Парламент.

Ова е девоти парламентарен состав од осамостојувањето на Македонија. Претходниот беше конституиран во 2014 година. Пратениците на СДСМ и коалицијата не учествуваа на седницата. Тие одлучија да ги вратат мандатите, а претходно не ги подигнаа ниту уверенијата од Државната изборна комисија. Тогаш односот на силите беше 34 мандати за СДСМ, 61 за ВМРО ДПМНЕ, 19 ДУИ, 7 ДПА еден пратеник за партијата на РУФИ оСмани и еден Гром. Тројца пратеници од дијаспората беа од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Сегашниот однос на силите е значително изменет во корист на СДСМ и на штета на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.
СДСМ освои 15 пратеници повеќе и сега има 59. ВМРО ДПМНЕ заедно со оние од дијаспората изгуби 13 пратеници и сега има 51. ДУИ има 9 пратеници помалку, а ДПА 5.

АКО.мк актуелно-објективно