На 32 години почина поранешниот одбојкар Дени Стојчев

Одбојкарската федерација на Македонија соопшти дека денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.
Имаше 32 години“-велат од Одбојкарската федерација.