На 5 пратеници на ВМРО ДПМНЕ, на Чавков, Дурловски, Дамовски…ќе им се суди за 27 април

.

Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 поврзан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието на Р.Македонија, одржа  јавна седница на која донесе оценка за негово прифаќање во целост.

По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост, стои во соопштението од Кривичен суд.

Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за глава расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, стои во објавата..

Тоа значи дека на обвинителна клупа за настаните на 27 април минатата година ќе седнат: пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ , Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Меѓу вкупно 30-те опфатени со обвинението се и поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, дел од организаторите на протестите За заедничка Македонија , Игор Дурловски, Богдан Илиевски , Владо Јовановски, Борис Дамовски…и други.