На 50 години од Ковид 19 почина д-р Владимир Евтимовски, радиолог од Тетово

Телевизија Кис од Тетово информира дека познат и ценет доктор од тетовската болница, ја изгубил битката со овид 19 на 50 годишна возраст.

Тетово тагува .., пишува ТВ Кис.

,,Ковид 19 зеде уште една жртва од лекарската фела. На 50-годишна возраст, од компликација на Ковид 19, почина доктор Владимир Евтимовски, радиолог во Клиничката болница во Тетово.

Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден. Состојбата значително му се влошила, по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а вчера починал. Имал неколку хронични заболувања.

Доктор Евтимоски речиси 20 години беше дел од јавното здравство. Колегите за него имаат само пофални зборови. Бил одличен лекар, одговорен и совесен. Добар колега. Сопруг и татко на две деца“-пишува ТВ Кис.

Фото:ТВ Кис