На 81 година почина Бил Видерс кој во седумдесетите ги испеа ,,Lean On Me“, ,,Ain’t No Sunshine“ и други вонвременски хитови

Бил Видерс(Bill Wethers), познатиот пејач од седумдесеттите години на минатиот век, кој стои зад хитовите ,,Не е сонце“ оригинално ,,Ain’t No Sunshine“ и ,,Потпри се на мене“, оригинален наслов ,,Lean On Me“, почина од срцеви компликации на возраст од 81 година, соопшти неговото семејство.

Пејачот починал во понеделникот во Лос Анџелес, изјави претставник на семејството за Асошиејтед Прес.

Тие го опишаа во изјавата како „осамен човек со срце поттикнато да се поврзе со светот“.

„Тој зборуваше искрено со луѓето и ги поврзуваше едни со други“, се вели во изјавата.

Познат по своите ,,мазни баритонски вокали“ и раскошни духовни аранжмани, напишал некои од највпечтливите песни од 70-тите години, вклучително и ,,Само двајцата од нас“, ,,Прекрасен ден“ и ,,Користете ме“.

Со ,,Lovely Day“, тој го постави рекордот за најдолга издржана нота на американскт хит-табела, држејќи го Е4 дури 18 секунди.

Иако престана да снима во 1985 година, неговите песни и денес имаат големо влијание врз R&B и хип-хоп музиката.

,,Lean On Me“- Потпри се на мене, од неодамна се поврза со пандемијата на Коронавирус, а многу луѓе објавуваат свои верзии на песната за поддршка на здравствените работници.

„Ние сме уништени од загубата на нашиот сакан, посветен сопруг и татко“, се вели во изјавата на семејството на Видерс.