Единствениот југословенски глас, препознатливата коментаторка на лизгање на мраз, Милка Бабовиќ, почина на 93 години во Загреб, јави Н1.
Милка Бабовиќ е родена во Скопје во 1928 година, а од 1948 живее во Загреб.
Студии завршила во Загреб.
Југословенската јавност ја знаеше по нејзинитее уникатни и препознатливи коментари на телевизиските преноси на уметничко лизгање.
Таа беше препознатлив глас и знак на овој спорт.
Бабовиќ почина од последици на корона вирусот.