На 95 години почина Роберт Мугабе

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе , почина на 95 години, соопшти неговиот наследник, актуелниот претседател, Емерсон Мнангагва.

Мугабе владееше 37 години со Зимбабве, а во 2017 година беше принуден да поднесе оставка по воениот пуч.

Тој долги години одбиваше да се повлече од функцијата, иако неговото здравје беше нарушено и не беше во состојба да носи одлуки.

Мугабе во својата долга кариера како претседател, ќе остане запаметен како херој кој го ослободи Зимбабве и е еден од неговите основачи, но и како дикататор кој ја изолираше земјата и ја доведе до работ на егзистенција.