Шампионот Голден Стејт го совлада Мајами на домашен терен со 120-118 иако во еден момент губеше и со 19 поени разлика.
Голден Стејт до пресвртот дојде во третата четвртина кога негативата ја стигнаа и овој период го завршија со осум позитива 90-82. Најефикасен кај победничката екипа Дурант со 39 поени, а кај Мајами Џош Риџардсон запиша 37 коша.
Резултати:
- Сакраменто – Феникс 117-104
- Атланта – Орландо 109-124