Кевин Дурент има тешка повреда на ахиловата тетива и според првите сознанија ќе го пропушти настапот за Голден Стејт во најголемиот дел од следната сезона.

Дурент се повреди пред еден месец и не играше против Хјусто, Портланд и сега против Торонто во финалето на плеј-офот.

Дурент беше успешно опериран, на Инстаграм напиша дека неговото враќање на теренот започнува од денеска.

Јасно е дека повредата и операцијата ќе го одалечат подолго време од терените, првичните проценки се дека тој нема да настапи во првиот дел од следната сезона.