Звучи неверојатно но статистиката е прецизна, Србија имала најмногу кошаркари на „ол-стар“ мечевите од земјите од Европа.

Во Шарлот од 15-17 февруари ќе се одржи 68. издание на „ол-стар“ мечевите, Србија ќе ја преставува Никола Јокиќ кој е трет кошаркар од оваа земја кој ќе игра на собирот на сите звезди во НБА. Дивац и Стојаковиќ го пробија мразот со што Србија досега во НБА имала тројца преставници на „ол-стар“ викендите, со тоа оваа земја е најсупешна нација во најсилната кошаркарска конкуренција на играчи кои не се од САД.

Освен Србија, по двајца кошаркари кои не се од САД на „ол-стар“ мечевите имале и Германија, Шпанија и Канада. Во Шарлот на 68. издание на „ол-стар“ ќе настапат вкупно 5 странци или 21% од вкупниот број на кошаркари , тројца се дебитанти, двајца од Балканот, Јокиќ и Вучевиќ од Србија и Црна Гора и Бен Симонс од Австралија.

Собирот на сите звезди годинава е во Шарлот од 15-17 февруари.