НБА ѕвездата Џеј-Ар Смит брутално тепа демонстрант затоа што му го оштетил автомобилот(видео)

На демонстрациите што се раширија ширум САД поради полициското убиство на Џорџ Флојд, се случија бројни инциденти, грабежи, уништување на имот, палежи и насилство.

Еден таков изолиран инцидент предизвика НБА кошаркарот и поранешна ѕвездаа на Cleveland Cavaliers, Џеј Ар Смит.

Тој во Лос Анџелес брутално клоцаше и тепаше демонстрант што му го оштетил ретровизорот од неговиот автомобил.

Пријатели на кошаркарската ѕвезда спречија поголемо насилство и го тргнаа разбеснетиот кошаркар.