НБ направи регулаторни измени банките да овозможат замрзнување, пролонгирање или репрограмирање на кредитите

Советот на Народна банка на РСМ направи регулаторни измени, со кои се овозможува банките и штедилниците на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од коронакризата.

Олеснувањата можат да бидат:


📌Замрзнување или грејс период за отплата на кредитите
📌Пролонгирање на исплатата на подолг период
📌Пониска каматна стапка
📌Одобрување на нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот

Во Министерство за финансии подготвуваат уредба со која ќе се олесни користењето на мерката, односно банките да можат ги изменат/олеснат условите под кои се одобрени кредитите без да се склучуваат анекси кон договорите за да нема потреба кредитокорисниците да одат на шалтери на банки и штедилници.

Штом уредбата биде усогласена и финализирана, ќе биде доставена до Владата на усвојување и јавноста ќе биде информирана за начинот на користење на поволностите.