Градот Викторвил во Калифорнија, кој се наоѓа во реонот на пустината Мохаве, вчера беше затрупан од пустински суви тркалачки грмушки, кои често се декор на американските вестерн филмови.

Околу 150 куќи и нивните дворови, буквално беа оковани со овие летечки грмушки, па нивните соседи мораа да ја алармираат полицијата и надлежните служби за да ги деблокираат влезовите .

,,Се случува инвазија“, пишуваат американските медиуми.

 

,

Ветерот со јачина од над 100 километри на час, буквално го прекрија целиот град со овие бодликави топки.

Жителите коментираат дека никогаш не се случило ваков ,,напад“ од тркалачки пустински топки, а една жителка била заробена два часа во својот дом, додека не дошле службите да го расчистат влезот и нејзиниот двор.