Севернокорејскиот лидер Ким џонг-ун, се сретна со американскиот претседател, Дналд Трамп, во Ханој во Виетнам. Мерките за безбедност ги надминуваат и најфантастичните холивудски сценариа.

Претходно , тој патуваше 4.000 километри со воз низ Кина.

На границата со Виетнам беше приреден пречек, а неговите телохранители ниту за еден момент не престанаа да трчаат по лимузината на Ким.

Ова е втора средба меѓу двајцата претседатели, а Трамп веќе почна да го нарекува-мојот пријател Ким.