Белграѓани не паметат ваков обем на замрзнатост на меѓународната река Дунав. Власта во Србија со денови не може да се справи со огромните површини замрзната река, а штетите и последиците се големи. Сега, заради покачување на температурата, сантите мраз се придвижуваат и претставуваат сериозна опасност за мостовите на Дунав. На помош пристигнаа и мразокршачи од соседните земји, но борбата со мразот се уште трае. Уништени се многу од сплавовите и бродчињата, кои исто така претставуваа опасност за мостовите бидејќи се придвижуваат кон нивните столбови.
Во опасност е доведен и живиот свет во реката, но и многубројните птици кои немаат пристап кон природниот резерват храна-рибите.

АКО.мк