Неверојатно и морбидно-ловџии се фалат со 19 убиени диви свињи!

Само за еден ден, на 29 јануари, ловџии во Преспанско заловиле или убиле дури 19 диви свињи во едно ловиште, известува порталот Пелагонија.мк.

Со наслов-,,Нов рекорд во Македонија-ловџиите совладаа 19 диви свињи во Преспа”, порталот известува за овој ,,неверојатен,, успех на ловџиите, кои гордо позираат пред убиените диви свињи:

 

 

Овој масакр на дивите свињи во Преспа, ловџиите веројатно го третираат како голем успех, но дефинитивно фотографиите не се за оние што не го разбираат ова хоби, бизнис или страст.

Останува необјаснето како успеале да ги примамат дивите свињи и да ги отстрелаат. Дали можеби изгладнети на овие ниски температури тргнале по храна, ќе остане ловџиска тајна.

Според информациите на порталот, ловната сезона трае до први фебруари.

 

Ако.мк