Неверојатно-и студентски дом ќе се вика Тодор Александров!

На неизграден  студентски дом Влада на РМ веќе му даде име ,,Тодор Александров“. Така стои во објавата за прибирање понуди објавена од Службата за заеднички и општи работи при Влада на РМ.

Владата на Република Македонија преку Службата за општи и заеднички работи објави јавен повик за избор на идејно архитектонско решение за изградба на нов студентски дом во Скопје, кој ќе биде лоциран спроти средното училиште „Орце Николов“.

Објектот, според објавата, ќе биде со површина од  10 илјади квадратни метри. Ќе ги има сите неопходни содржини за сместување, престој и едукација на  450 студенти.

Прибирањето на понудите трае до 15 мај, по што, потоа  ќе следува евалуација и избор на идејниот проект. По ова ќе има  јавен повик за избор на компанија изведувач на градежните активности.

Опсесијата на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ со ликот и делото на Тодор Александров продолжува  . По катна гаража, мост, улица, споменик…на ред дојде и студентски дом со името на контроверзната историска личност ,,Тодор Александров“.

АКО.мк