Финансиската полиција ја посети општина Гостивар. Градоначалникот Невзат Бејта го обвини ВМРО ДПМНЕ дека на овој начин му се реваншираат за неговото противење ДУИ да коалицира со Груевски.

ТВ 21 објави дека најмалку тројца полицајци го посетиле првиот човек на општина Гостивар. Нивна екипа го сними влегувањето на финанскиските полиоцајци во општината, но сепак ниту еден од нив не сакал да ги открие причините зошто ја посетиле општина Гостивар.

Бејта ја обвини полицијата дека нивната посета е по политичка нарачка, и воедно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за уцена. Тој вели дека наредбата за контрола била издадена од комитетот на ВМРО-ДПМНЕ, по неговата изјава за ТВ 21 дека не познава Албанец кој посакува коалиција со Груевски.

ТВ 21 побарале одговор и од ВМРО-ДПМНЕ, но тие одбиле да дадат коментар и ги упатиле каде кај државните институции.

Од Финансиската полиција велат дека за ова прашање ќе се произнесат утре. Инспекторите во канцелариите на општина Гостивар, барале нерегуларности за инфраструктурен проект во селото Тумчовиште. Проектот чинел 80 илјади евра, а од општината тврдат дека целата постапка е законска.

Извор: тв21