Невремето во Далмација нанесе неверојатни количини отпад во пристаништата и на крајбрежјето

Орканските ветрови кои беснеат деновиве на Јадранот, покрај проблемите со поплавите и материјалната штета, предизвика еколошка катастрофа на островите и пристаништата во градовите.

Порталот dalmacijadanas.hr , објави фотографија од Дубровник на која се гледа огромно количество отпад во пристаништето доспеан по морски пат, како што пишува порталот, од Албанија.

Пластичен отпад од Албанија во пристаништето во Дубровник

Хрватските медиуми во повеќе наврати пишуваат за проблемот со отпадот од Албанија, кој неконтролирано се влева во Јадранскот Море, исфрлен претходно во реките кои завршуваат во заедничкото море.

Но, далмацијаданас.хр, пишува дека и домашното(хрватското) население не е ,,вакцинирано“ од самоубиствениот еколошки нагон и дека сето тоа доведува до несогледливи последици по природата и здравјето на луѓето.

Извор и фото: далмацијаданас.хр