Невремето направи хаос на Халкидики, македонски туристи евакуирани на сигурно(фото)

Од удар на гром во северна Грција загина еден овчар, јавија грчките медиуми. Дождот остави вистински хаос во повеќе туристички места на Халкидики, посебно на вториот крак кај местата Торини, Сарти, Мармарас, Порто Куфо…Македонските туристи се евакуирани, а од МНР известуваат дека немаат други пријави за помош, освен за едно семејство кое било на одмор во Торини и кое се обратило за помош во конзулатот во Солун.

Водата носеше се пред себе, а настрадаа многу кампови кои се во голема мера уништени. Македонски туристи јавуваат дека се евакуирани , а нивните возило се полни со вода или кал.

 

Поројните дождови предизвикаа бројни одрони на патиштата, кои останаа непроодни за сообраќај.

Камперските приколки беа буквално однесени од поројната вода во морето.

Photo published for Προβλήματα από την κακοκαιρία στη Χαλκιδική

Голем број автомобили биле однесени од надојдената вода, а нивните сопственици се евакуирани на повисоките места, во хотели и апартмани.

 

Локалните власти во Ситониа известија дека пожарникарите добиле многубројни повици за помош од настрадани граѓани кои барале пумпи за извлекување на водата од нивните домови.

 

АКО.мк