Неготинци не ја даваат шумата во туристичката населба “Бела вода“

Неготинци се против сеча на шума во туристичката населба “Бела вода“, каде ги поминуваат своите слободни моменти и викенди.

Здружението на граѓани ,,Ековита” од Неготино и Иницијативниот одбор за заштита на излетничкото место Бела вода Калањево, општина Неготино, се револтирани од најавената сеча над оваа населба.

Тие бараат да не се одобрува сечењето на шумата во приватна такса во туристичката населба, како што велат, заради нарушување на еколошкиот систем во населбата. Според нив, сечата над населбата ќе предизвика ерозија на земјиштето и појава на свлечиште со катастрофални последиц, кои ќе го загрозат опстанокот на ова излетничко место. Во овој реон се наоѓа и изворот за снабдување на вода за пиење за населбата и селото Калањево.

%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be

Од таму бараат да се прекине со издавање на дозволи за сечење дрвја на приватни лица и да се пренасочи на подалечни региони од населбата.

Ваква молба испратена е до градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов, како и до подружницата на Македонски шуми во Демир Капија.

-Мој предлог до Општината и до повисоките инстанци е наместо да се уништува шумата, Бела вода –Калањево да се стави на туристичката мапа, да се постават информативни табли, бидејќи ова е прекрасно место, со ретки природни убавини кои се атрактивни за развој на туризам, за што сведочат се почестите посети на домашни и странски гости, вели неготинецот Зоран Нојков.

%d0%bd4

Според планинарите кои често овде организираат планинарски акции, станува збор за месноста од Караѓозот накај Бела вода. Првата стаза накај врвот Караѓоз веќе била расипана. Сега во опасност била и другата планинарска стаза до Делчев врв и месноста Орајот.

%d0%bd3

Градоначалникот Ванчо Апостолов вели дека во координација со Македонски шуми се излегло на терен и било констатирано дека таму сеуште не било извршено сечење, ами само била планирана сеча.
-Цврсто стоиме на ставот дека ќе се сече таму каде што сечењето нема да предизвика проблеми. Такво нешто нема да се случи во локалитетот Бела вода-категоричен е тој.

Ова го потврдија и од подружницата на Македонски шуми.

Билјана. Н.Тошевски