Неда Арнериќ(1953-2020), имаше богата 60 годишна актерска кариера.

Таа беше омилен филмски лик со бројни улоги во култни филмови како што е на пример улогата на млада невеста во ,,Кој тоа таму пее“(оригинален наслов – Ко то тамо пева) на режисерот Слободан Шијан снимен 1980 година.

Сцена од филмот ,,Ко то тамо пева“

Арнериќ има освоено две пулски Арени, една од најпрестижните југословенски награди. Една златна и една сребрена за улогата на Делфина во македонскиот филм ,,Исправи се Делфина“, во која ја играше македонската маратонка Атина Бојаџи која успеа да го преплива Ла Манш. Филмот е снимен во 1977 година.

Својот прв филм го снимила во 1966 година како 13 годишно девојче.

Но нејзината актерска кариера трае подолго, бидејќи учествувала во детски радио-драми и претстави.

Неда беше омилена глумица и во други земји и има остварено бројни улоги во Италија.