Јово Вангеловски, актуелен претседател на Врховен суд, Лидија Неделковска, поранешна претседателка на Врховен суд, и Жарко Караџовски, претседател на Судски совет, беа гости со почесно место во првиoт ред на отворањето на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје.

Тие се сѐ уште ударна песница во правосудниот систем, иако главно заради нивното раководење на судските институции во минататото , кога гасеа и палеа во државата Никола Груевски и Сашо Мијалков, нивините имиња беа  компромитирани и поврзани со синонимот Сваровски судство, кој е олицетворение за контролирани судии.

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески , се наоѓаше протоколарно во нивно друштво, но на денешното отворање не можеше да се забележи ниту еден политичар, освен заменик министерот за правда, Оливер Ристовски. Главно, беа присутни гости од судската фела.

Новата зграда на Кривичен суд располага со 25 нови судници, преку 100 канцеларии, подземна гража и современ систем за надзор и компјутерска техника. Од денеска е ставена во употреба, иако таа беше завршена многу порано, пред десетина месеци.

АКО.мк