Дерби натпреварот од Втората јадранска лига во ватерполо меѓу Војводина и Црвена Ѕвезда, беше прекинат неколку секунди пред крајот откако незадоволен навивач го турна хрватскиот судија во базенот.

По овој инцидент, судиите го прекинаа натпреварот, на изедначен резултат од 7:7.

Гледачот што го прекина натпреварот и го направи инцидентот, беше приведен од полицијата.

РТС