Незаконски тендер од 25 милиони евра за владини миленици

Нов скандал со наместени тендери откри денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој тврди дека  нов тендер повторно добиле „Трансмет“ и„Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“, каде што Михаил Цветков, актуелниот министер, во исто време бил член на одборот на директори и министер.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12.12.2015 година преку Бирото за јавни набавки објавило оглас за изградба на брана Речанина Оризарскарека – општина Кочани.

 

,,До денес не ни е доставен одговор на нашето барање за увид во документацијата каде нов тендер повторно добиле „Трансмет“ и„Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“, каде што Михаил Цветков во исто време бил член на одборот на директори и министер.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12.12.2015 година преку Бирото за јавни набавки објавило оглас за изградба на брана Речани на Оризарска река – општинаКочани.

Во Законот за јавни набавки во членот 26-а, став 2, постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на Република Македонија.

Одобрението од Владата е добиено на 29.03.2016 година, 3,5 месеци после објавувањето на огласот.

На 28-ми октомври министерот Цветков ја потпишува одлуката за најповолна понуда за изградба на брана Речани на Оризарска река, општина Кочани, во висина од 1.593.378.335 денари или 25.908.590 евра каде што јавната набавка ја добиваат СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ ДООЕЛ Кратово и ТРАНСМЕТ ДОО Скопје.

Прашуваме, зошто немаме добиено никаков одговор на нашето барање за увид во тендерската документација?

Зошто е објавен тендер, без да биде обезбедено одобрението од Владата?

Ги повикувам веднаш Државната комисија за спречување на корупција, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки и истраги!

За потсетување на јавноста, фирмите на кои им е доделен тендер од 25 милиони евра се во директна врска со главните медиуми кои ја поддржуваат власта на фамилијата и на обвинетиот Никола Груевски.

За сите криминални политики, ќе има одговорност. Секој што работел спротивно на законот ќе одговара,,-рече Николовски.