Некои Германци не поднесуваат високи температури

Германската полиција деновиве имаше чудни задачи- да се справи со голи Германци кои помислиле дека е нормално да шетаат голи на улиците само затоа што температурите се неподносливи.

Во Брандербург полицијата застана еден средовечен маж, кој освен кацига на главата и сандали на нозете, немаше ништо друго на своето тело.

Фото: ЕП и полициско фото

Имено, фотографијата првин е објавена на социјалните мрежи, а потоа и на официјален полициски сајт.

Полицијата соопшти дека истиот ден е фатен гол човек на електричен тротинет , а на кејот на реката Изар во Минхен замолени се неколку жени да ги покријат голите гради.

Во Германија е постигнат јунски рекорд од 38,5 степени Ц.