Неколкучасовна средба на премиерите Заев и Ципрас во Давос за решавање на спорот за името

,, Отворено разговараме и градиме меѓусебна доверба во интерес на граѓаните“- е кусата порака на Фб профилот на премиерот Зоран Заев. Во 15 часот започна средбата меѓу Заев и грчкиот премиер Ципрас, на која се зборува за решавање на проблемот со уставното име на нашата држава.