На иницијатива на Ирена Ристиќ и ,,Не биди ѓубре“, утрината со багер беше расчистена дивата депонија кај православните гробишта во Тетово.
Однесени се 10 камиони ѓубре.
Еве како изгледаше пред и потоа:


Но како што извести Ристиќ, само неколку часа по расчистувањето, создадена е нова депонија.
Еве како изгледа истото место попладнето:

Рак рана на целото македонско општество е нехигиената, некултурата и страшното уништување на секоја педа земја, природна убавина, град и село со огромни количества на ѓубтре.
Македонија буквално се гуши во смет.
Не допираат апелите и молбите од некои медиуми и граѓански активисти.
Државата, власта е слепа и глува за овој тежок проблем и агонија.
АКО.мк