Некој спие, некој кафе пие

Амди Бајрам доаѓа на седници, Амди Бајрам не ја бојкотира работата на Собрание, Амди Бајрам им ,,раскина“ на ВМРО ДПМНЕ, Амди Бајрам е гласот за ново мнозинство на СДСМ…Ако е и за Амди, многу е. И на крајот Амди Бајрам спие на седница. Од толку работа, не е ни чудо што ја заврши старата година спиејќи. И тоа како јагне. Лесно му е на Амди, тој си знае дека во Новата година пак е на власт.

Од друга страна пак, на Владата и оди како песна. Старата ја испратија лежерно, со седници од нога, со кафенце во рака, во спонтан и неврзан разговор, министрите ја одржаа последната седница за 2017 година.

До душа, не кажаа какво мислење ќе дадат за поднесените иницијативи за започнување на постапка за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини во општините Неготино, Студеничани, Штип и Сарај, како и општините Прилеп и Долнени. Но, може мирно да спиеме, нели, па во сигурни раце се иницијативите. Како и оние претходните за Казандол, секако, и оние другите…

Среќна Нова 2018!

АКО.мк