Неколку деца се наоѓаат меѓу триесетината затрупани луѓе  под снежната лавина која во текот на изминатата ноќ падна врз хотелот  Rigopiano во Италија.

Спасувачките екипи кои се уште расчистуваат, велат дека и покрај сите напори , најверојатно нема преживеани.

Спасени се двајца гости од кои едниот во моментот на лавината се наоѓал во автомобилот бидејќи се симнал да земе нешто. Неговите две деца и сопругата се уште не се пронајдени во урнатините.

Хотелот  Rigopiano е популарна зимска дестинација во Пескара, рангиран е со 4 ѕвездички и имаше 43 соби. Лавината го урна четирикатниот хотел кој се наоѓа на 1.200 метри надморска височина.