Нема мерки против енормното загадување во Скопје

 

Состанокот на градоначалниците од скопските општини со градоначалникот Коце Трајановски не донесе ништо за решавање на прекумерната загаденост во Скопје.

Наместо да донесат некакви мерки, градоначаниците само дискутирале за можни решенија.Упатуваат  апел до БЕГ за намалување на цената за греењето, субвенционирање на топловодна мрежа во зградите со топлотна енергија, субвенционирање за купување на велосипеди и забрана за користење на јаглен и било какви производи од дрво за греење.

Од друга страна, неколку невладини еко организации за среда најавуваат нов протест. Тие ќе побараат:

Воведување на системот „пар-непар“ за возилата.
Забрана за користење на возила кои се без катализатор за издувни гасови.
Бесплатен градски превоз во текот на цела зима
Итна набавка на маски на целото население на Скопје.
Поголема контрола на терен на инспекциите во врска со начинот на загревање на домовите.
Обезбедување на бесплатен огрев на граѓаните кои се грејат на штетни материи како на пример гуми.
Ненајавени контроли на оџаците на индустрискит капацитети.
Формирање на кризен штаб.
Запирање на сите градежни активности .
Почесто и потемелно чистење на улиците.
Поголеми контроли на полицијата на возила кои носат нечистотија на гумите, особено оние кои излегуваат од градилишта.
Инспекциски контроли на градилиштата кои не се чистат редовно.
Набавка на беспланти велосипеди.
Законска регулатива за спроведување мерки.
Законска регулатива која ќе забранува уништување на дрвореди.

АКО.мк актуелно-објективно