И Академик Катица Ќулавкова е меѓу одбиените автори  за финансирање на печатење  авторски дела од буџетот предвиден за издаваштво во рамки на Националната програма за култура за 2017 година.

Академик Ќулавкова реагираше на својот ФБ профил:

,,Во Националната програма за култура 2017 сум одбиена по сите 4 основи за коишто барав. Едниот е колективно дело – книга. Другите меѓународни.
Одбиена од врвот, без став, без морал, божем свои пари делат, а не пари на граѓаните на РМ,,.-реагираше Ќулавкова.

Бројни се реакциите по објавување на годишната програма на офицајлната веб страница на Министерство за култура.

Претходно објавивме дека голем дел од приватните издавачи се незадоволни од изборот на делата или пак затоа што се одбиени. Издавачката куќа ИЛИ ИЛИ реагираше дека минатата година имале далеку поголема читаност на младите и талентирани автори како Петар Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Ирена Јорданова, Силвија Митевска, за разлика од  литературата што се преведува. ,,Мора да и’ се честита на комисијата во Министерството дека има стратегија, но стратегија за игнорирање и неподдржување на цела една нова генерација на квалитетни прозаисти, чии книги сепак ќе ја видат светлината на денот, книги кои ќе се читаат, коментираат, преведуваат!!! “-реагира Игор Анѓелков од ИЛИ-ИЛИ.

Од СДСМ велат дека е скандалозен изборот на Министерство за култура со кој се отсликува нивниот однос кон автори кои се критички настроени кон власта или пак биле дел од протестите на Шарена револуција. И обратно, се наградуваат тие кои ја бранат политиката на ВМРО ДПМНЕ.

АКО.мк