Нема одговор зошто мајката брутално ја уби својата ќеркичка, а потоа се самоуби

Таткото на тригодишното девојче кое утрината беше убиено од својата мајка, е во состојба на шок, информираат здравствените органи во Белград.

Тој се вратил од трета смена и затекнал грозоморна слика пред зградата во која живееле на Бежаниска коса во Белград.

Како што веќе пренесовме, српските медиуми известија за страшна трагедија. Тие исто така, ја објавија фотографијата на мајката.

36 годишната Данијела Р., првин ги пресекла вените на своето дете, ја фрлила од балкон од 4 кат, а потоа намерно предизвикала пожар во станот, по што исто така си ги пресекла вените и се фрлила по ќерката.

Двете починаа на местото на трагедијата.

Соседите , од кои некои очевидци, се силно вознемирени.

Раскажуваат дека семејството делувало дека е стабилно и среќно, па затоа не можат да сфатат што ја натерало мајката на ваков монстуозен чин.

Таа работела во ВМА.

Во Белград рано утрината се случило уште едно самоубиство. 65 годишна жена си го одзела животот скокајќи од прозорецот на својот стан.