Нема предвидено пари за градинки

Во предлог буџетот за 2017-та година нема предвидено ставка за најавените 140 градинки, кои Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години,- рече Дамјан Манчевски потпретседател на СДСМ. За нив се потребни 25 милиони евра, но Скопје 2014 ги изеде парите.

Средства за реализација на проектот за отворање на детски градинки има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, одговара ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

– Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира. Граѓаните знаат дека за разлика од деструктивната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ настапува со конкретни проекти, рокови и финансиски средства за нивна реализација, се наведува во писмената реакција од партијата.