Нема промена на мандатите, СДСМ победи во Теарце,ВМРО ДПМНЕ на изборите

ДИК ги објави резултатите од прегласувањето на гласачкото место 2011 во Теарце според кои  ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа и три ливчиња се неважечки.

Иако СДСМ практично победи на денешното прегласување и освои 100 гласови повеќе од ВМРО ДПМНЕ, тоа не е доволно за промена на мандатите.

Остануваат истите мандати од гласањето на 11 декември, па ВМРО ДПМНЕ има 51, а СДСМ 49 пратеници.

Сега, следува период на преговарање со партиите на албанците кои го имаат остатокот од мандати до 120 пратеници.

Кој ќе обезбеди мнозинство пратеници, тој би требало да формира Влада, но првично најверојатно, според Уставот , Претседателот на државата ќе им го даде на тие што освоија најмногу пратенички места, а тоа е ВМРО ДПМНЕ.

Многумина заговараат хрватско сценарио, а тоа е партиите првин да обезбедат мнозинство, па потоа да се дели мандатот за формирање Влада.

Останува да се види какви чекори ќе преземат во наредните денови партиите и Претседателот на државата.

АКО.мк актуелно-објективно