Нема уставни пречки за спроведување на референдумот на 30 септември

 

Нема уставни пречки за спроведување на референдумот на 30 септември, оценија денеска мнозинството судии на Уставен суд.

Со мнозинство гласови на судиите, Уставниот суд  ја отфрли иницијативата за блокирање на референдумското изјаснување поднесена од Димитар Апасиев и Светски Македонски Конгрес. Седум судии гласаа против иницијативата, а само двајца од деветте судии, Елена Гошева, известител за предметот и Јосиф Јосифовски гласаа за поведување на иницијатива за оценување на уставноста.

Тие одлучуваа по иницијатива поднесена од професорот Димитар Апасиев од партијата Левица и од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес. Според подносителите, одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот, со Законот за референдум како и со воспоставените европски стандарди. Нивното барање беше Судот целосно да ја поништи одлуката за распишување на референдумот, или да ги поништи резултатите од него.