Ненадејната смрт на Котен зароби 190 милиони долари на најголемата менувачница на криптовалути

Kанадската менувачница на криптовалути, “KvadrigaCX”, соопшти дека нема да може да исплати 190 милиони долари од фондот на клиентите, бидејќи нејзиниот основач и сопственик , 30 годишниот Џералд Котен, всушност ненадејно починал во декември минатата година во Индија и не ги оставил шифрите од пасвордот.

Засега, 190 милиони долари остануваат заклучени во портфолиото на неговиот лаптоп.

Вдовицата на Котен, Џенифер Робертсон, соопштила дека менувачницата им должи на клиентите 190 милиони долари.

Не е невообичаено, тргувачите со криптовалути, заради хакерски упади, да чуваат поголеми количини пари во виртуелни банкноти.

Многу од клиентите, сѐ уште не веруваат дека Котен е мртов, бидејќи неговата компанија објавила за смртта кон средината на јануари, а тој наводно починал на 9 декември минатата година.

Вдовицата морала да приложи доказ за смртта на суд, но за многумина целиот случај е неверојатен и бизарен, а Џенифер почнала да добива и закани по нејзиниот живот.

Гардиаан